All Country

Финансиски контролор во оддел за контролинг (Controller)

Company Executive Search Consulting
Number of open positions 1
Application deadline 9 November, 2022
Date of publication 26 October, 2022

Нашиот клиент, компанија која развива и произведува иновативни, сигурни и оптимизирани производи за глобалната автомобилска индустрија и е меѓу 100-те најдобри добавувачи на автомобили во светот, бара квалификуван и мотивиран кандидат на позицијата Контролор.

Работни задачи и одговорности:

  • Третман на трансакции за внатрешно известување според интерни принципи на управувачко сметководство (вклучувајќи анализа и соодветно аплицирање на внатрешните процедури за извештаите до менаџментот),
  • Комуникација со останатите оддели и трети страни,
  • Подготовка на извештаи за раководството, вклучително и нестандардни анализи на трошоците врз основ на  барањата и тековните потреби на компанијата,
  • Води грижа за проектното и инвестициско евидентирање на сметководствени трансакции по одделни трошковни центри,
  • Развивање, спроведување и обезбедување усогласеност со внатрешните политики и процедури,
  • Тековни проекти за контрола, вклучително и надзор и проценка на постојните процеси и предлагање нови поефикасни процеси,
  • Поддршка на целокупните процеси на планирање, известување и усогласеност.

Образование, искуство, вештини:

  • Високо образование од Економски Факултет (сертификат за: сметководство, ревизија или финансиско сметководство ќе се смета за предност),
  • Искуство во производна компанија на слична позиција ќе се смета за значајна предност,
  • Искуство во управување со проекти ќе се смета за предност,
  • Способност за активно, ефективно, ажурно и брзо работење,
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност,
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори), познавање на германски јазик ќе се смета за предност,
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail),
  • Искуство во работа во SAP ќе се смета за предност.

Понуда:

  • Конкурентен пакет за наградување, приватно здравствено осигурување
  • Одлична можност за континуирано учење, личен раст и професионален развој и напредок
  • Можност да се работи во групациски рамки, со интернационална изложеност

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ваша кратка биографија.

The job posting is no longer active