Услови на користење

(Последно ажурирање направено на 03.06.2022 година.)

Executive Search Consulting ESC (“Сопственик”) обезбедува интернет услуги за посетителите (“Корисник”) преку својата веб страница esc.com.mk (“Сајт”).

Условите за користење пропишуваат услови и правила како може да се користи Сајтот. Доколку Корисникот не се согласува и не ги прифаќа Условите за користење, треба да прекине со користење на Сајтот.

Користење на Сајтот

Корисникот може да го користи Сајтот за информирање и аплицирање на некој од наведените огласи за работа. Содржината на Сајтот не смее да се користи, репродуцира, дистрибуира за било каква друга намена без согласност од Сопственикот.

Личните податоци на корисникот се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни. 

Сите податоци кои Корисникот ги внесува на Сајтот се заштитени (енкриптирани). Сајтот користи сигурна Secure Socket Layer (SSL) технологија. Податоците се заштитени со помош на серверска автентикација и шифрирање, што обезбедува безбедност на податоците на Корисникот.

Пристап до Сајтот; Прекин

Корисникот е запознаен со фактот дека понекогаш се доведува до прекин на услугите, или за настани кои се надвор од контролата на Сопственикот, и се согласува дека Сопственикот не е одговара за било каква загуба на податоци. Корисник се согласува и прифаќа дека пристапот до Сајтот понекогаш може да биде прекинат, привремено недостапен или исклучен.

Содржина на Сајтот

Сопственикот го задржува правото во било кое време да ја менува содржината на Сајтот.

Сопственикот не е одговорен за точноста или веродостојноста на податоците внесени од Корисникот. Сопственикот го задржува правото во било кое време да ги избрише сите поврзани податоци на Корисникот согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Ограничување на одговорноста

Сопственикот нема да биде одговорен за било каква штета што може да резултира од неможноста на Корисникот за пристапување и користење на Сајтот. Под никакви околности Сопственикот нема да биде одговорен за било каква загуба или штета која може да произлезе од користење на содржината од Сајтот од страна на Корисникот. Корисникот е одговорен во проценка на точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, или друга содржина достапна преку Сајтот.

Закон и јуриздикција

Седиштето на Сопственикот е во Скопје, Р.Македонија. Правни спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на Сајтот (освен ако со посебен договор не е поинаку наведено) се под јурисдикција на судот во Скопје.