Политика на Приватност

(Последно ажурирање направено на 03.06.2022 година.)

Политиката на приватност на сајтот esc.com.mk во продолжение Сајтот, појаснува како се чуваат податоците на посетителите во продолжение Корисник, од страна на сопственикот на сајтот ESC (Executive Search Consulting) во продолжение Компанија.

Оваа Политика на приватност се однесува само за сајтот esc.com.mk. За линковите кои водат до други веб страни Компанијата не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Компанијата како сопственик на сајтот esc.com.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.

Секој Корисник при посета и користење на Сајтот, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност, Политика за Колачиња и Услови за користење на сајтот.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува при користење на сајтот се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

За било какви прашања поврзани со приватноста на податоците може да го контактирате нашиот Oфицер за лични податоци, кој е наведен во продолжение на овој текст.

Корисниците се советуваат внимателно да ја прочитаат Политиката на приватност. Со пристапување и користење на Сајтот, Корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците.

Доколку Корисникот не се согласува со Политиката на приватност, Политиката за колачиња и Условите за користење, го упатуваме да ја напушти, односно да не го користи Сајтот.

Податоци кои се прибираат на Сајтот

Податоците кои се прибираат од корисникот при неговата посета на Сајтот, може да се разликуваат во зависност од методот што се употребува, односно:

  • Податоци внесени од корисникот, кои се лични податоци.
  • Податоци кои се прибираат автоматски, кои се анонимни (нелични) податоци.

Податоци внесени од корисникот, кои се лични податоци.

Ова подразбира информации кои корисникот свесно ги внесува на сајтот. 

Личните податоци се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информации кои се прибираат автоматски, кои се анонимни (нелични) податоци.

Ова подразбира прибирање на нелични податоци од вашиот прелистувач со помош на алатки за анализа на веб страната. Како алатка за автоматско прибирање на нелични податоци се користи Google Analytics. Податоците се прибираат на автоматски начин преку колачиња.

„Колачињата“ се датотеки кои се пренесуваат до хард дискот на уред на Корисникот додека трае неговата посета на Сајтот. Корисникот може да го пралогоди начинот на кој интернет прелистувачот ги прифаќа колачињата, но тоа може да ја ограничи можноста да ви овозможиме соодветна содржина. За повеќе информации може да ја прочитате Политиката за Колачиња.

Дел од нелични податоци кои се прибираат на Сајтот се:

  • IP адреса со која Корисникот пристапува на сајтот, 
  • Детали за интернет пребарувачот, оперативниот систем преку кој е пристапено на Сајтот,
  • Детали за страните кои корисникот ги прегледува додека е на Сајтот,
  • Времетрање на посетата на Корисникот на Сајтот итн.

Неличните податоци се користат исклучиво во агрегирана форма и на начин кој овозможува анонимност на Корисникот.

Како се користат податоците од корисниците на Сајтот

Сите лични податоци кои се прибираат на Сајтот се наменети за услугите кои ги нуди Компанијата, и се поврзани со пополнување на формулар на Корисникот за конкретен оглас за работа или пополнување на генерален формулар за можно идно конттактирае на Корисникот.

Податоците од корисникот, Компанијата може да ги искористи за соодветни комуникација со корисникот поврзано за огласот за работа на кој аплицирал корисникот на Сајтот.

Податоците кои ги собираме и се чуваат на Сајтот, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

Заштита на податоците

Сите податоци кои корисникот ги внесува на Сајтот се заштитени (енкриптирани) од вашиот веб пребарувач. Сајтот користи сигурна Secure Socket Layer (SSL) технологија. Податоците се заштитени со помош на серверска автентикација и шифрирање, што обезбедува вашите податоци да бидат безбедни.

Сајтот е хостиран на безбедна серверска околина што користи повеќе нивоа на заштита со цел спречување на неовластен пристап.

Ажурирање на Политиката на приватност

Компаноијата може во било кое време и без предходно известување да ја промени или ажурира Политиката на приватност.

Користење на Сајтот подразбира прифаќање на кое било ревидирање. 

Пристапот до информации за Условите за користење, Политиката на Приватност, Политиката за Колачиња може да се најдата на секоја страна во навигацијата достапна во футерот.

Офицер за лични податоци

Повеќе информации за Офицерот за лични податоци, во проложение Контролор, како и неговата надлежност, може да најдете во продолжение.

Контакт информации

Лице: Зоран Војнески.

Имејл: zv@esc.com.mk 

Телефон: +389 2 2700 425, 

Мобилен: +389 76 456-654

Опис на активности

Контролорот за лични податоци обезбедува целосна транспарентност при остварување на правата на субјектот на личните податоци како посетител (корисник) на веб страницата.

Контролорот ги применува и почитува членовите 9, 11, 16, 23, 24, 25 и 26 од ЗЗЛП во врсака со насоките од Recommendation No. R(99)5 of the CMMS for the protection of privacy on the internet.

Контролорот презема соодветни технички и организациски мерки во однос на заштита на веб страницата, при што обезбеденото ниво на безбедност го сведува ризикот на најмал објективно можен минимум, а во секој случај на ризик со ниска сериозност, согласно член 29.1 и член 36.1, 36.2 од ЗЗЛП и според Правилникот за безбедност на обработка на лични податоци.