РАКОВОДИТЕЛ НА ИНТЕРЕН ПРОДАЖЕН ТИМ
Прва Живот МК е компанија за животно осигурување која обезбедува сигурност и доверба преку современи осигурителни решенија. Нивната цел е да изградат стабилна и одговорна организација која ќе им помогне на клиентите да ја планираат својата иднина со мир и сигурност. За таа цел имаат потреба од квалификуван и мотивиран кандидат на позицијата Раководител на интерен продажен тим.
Цел на позицијата:
Да обезбеди стратешко планирање и управување со продажбата на продукти за животно осигурување преку развој и одржување на ефикасна продажна мрежа, регрутација и едукација на тимови и континуиран раст на производите и услугите.
Клучни одговорности:
- Подготвува план за продажба на продукти за животно осигурување;
- Воспоставува и гради внатрешна и надворешна мрежа за продажба;
- Врши регрутација за потребите на продажната мрежа и предлага склучување на договори со лицата кои смета дека треба да се ангажираат во рамките на продажна мрежа;
- Организира интерна едукација на продажна мрежа;
- Изготвува годишен план за продажба;
- Редовно го следи остварувањето на усвоените планови како во целост така и поодделно за секој тим во рамките на продажната мрежа и за истото поднесува извештаи;
- Обезбедува препораки за одржување продажни разговори со потенцијални клиенти;
- Редовно го известува Извршниот директор на друштвото за текот на одвивањето на активноста и работењето, за настанатите проблеми и пречки како и предлага соодветни решенија за нивно отстранување;
- Контрола и известување за извршените задачи;
- Предлага и организира настани и едукативни семинари за потребите на внатрешната и надворешна мрежа;
- Учествува во развојот на нови производи за осигурување на живот;
- Извршува останати активности нa барање на Извршниот директор
Квалификации:
- Докажано искуство во продажба
- Искуство во формирање и водење на тимови е предност
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Убедителност, отвореност и емпатичност
- Проактивност, ориентираност кон цели
- Познавање на MS Office
Понуда:
- Работа во динамична и професионална средина
- Конкурентен финансиски пакет од основна плата и варијабилен дел
- Приватно здравствено осигурување
- Приватно пензиско осигурување
- Автомобил 24/7
Доколку сте мотивирани и ги исполнувате условите, испратете ja вашата биографија. Сите пријави ќе се разгледуваат во строга доверливост. Само кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани за дополнителни интервјуа.
Со аплицирање на оваа позиција, ни давате дозвола да го чуваме вашето CV и лични информации во нашата база на кандидати во период од една година, со можност да ве контактираме за релевантни позиции. Доколку не сакате вашето CV да се чува во нашата база, ве молиме наведете го тоа во вашата е-пошта.
