Kavadarci

ПОМОШНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ПУМПА, ПУМПАШИ, КАСИЕРИ

Company Executive Search Consulting
City Kavadarci
Category Sales
Number of open positions 9
Application deadline 6 June, 2024
Date of publication 20 May, 2024

Наш клиент, странска компанија за горива, за својата нова бензинска пумпа во Кавадарци бара квалификувани и мотивирани кандидати на позициите Помошник раководител на пумпа, Пумпаши и Касиери.

Локација на бензинската пумпа: на влезот на Кавадарци

Број на вработени на пумпата: вкупно 9 вработени

ПОМОШНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ПУМПА

Задачи и одговорности:

  • Го надгледува секојдневното работење на пумпата;
  • Раководи со персоналот, распоредот и инвентарот;
  • Ги следи и спроведува прописите за здравје и безбедност;
  • Обезбедува сите процеси, процедури и прописи да се следат и почитуваат;

Барања:

  • Најмалку 2 години искуство во малопродажба, искуството во раководење со луѓе е силна предност;
  • Познавање на англискиот јазик е задолжително, познавање на грчки јазик е пожелно; Искуство со MS Office;
  • Доверлива личност, подготвена за преземање одговорност, кориснички ориентирана, мотивирана за понатамошен развој;

ПУМПАШ

Задачи и одговорности:

  • Полнење гориво;
  • Корисничка услуга, помош при полнење гориво, информации за попусти и продажба на дополнителни производи;
  • Одржување и чистота на пумпите и опремата;
  • Одржување и чистење на просторот на бензинската пумпа;
  • Работа во 3 смени

Барања:

  • Одговорна личност, кориснички ориентирана, основен Англиски јазик;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност;

КАСИЕР

Задачи и одговорности:

  • Продажба на роба во маркетот, наплата, фискални сметки;
  • Обезбедува исправност и комплетност на работната опрема (компјутери, каси и сл.);
  • Безбедност и чистота на работниот простор и опремата;
  • Работа во 3 смени

Барања

  • Одговорна личност, кориснички ориентирана, основен Англиски јазик, искуство со MS Office;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност;

Понуда

Можност за професионален раст и развој во рамки на компанијата.

Доколку сте мотивирани и ги исполнувате условите, испратете го вашето CV на англиски.

The job posting is no longer active