Skopje

РЕФЕРЕНТИ ЗА МАЛОПРОДАЖБА/ПРОДАВАЧИ

Company Gorenje GA ДООЕЛ Скопје
City Skopje
Category Sales
Number of open positions 4
Application deadline 6 August, 2023
Date of publication 24 July, 2023

Групацијата Gorenje е еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство со традиција од повеќе од 70 години. Нивните технолошко усовршени, супериорно дизајнирани и енергетски ефикасни апарати за домаќинство го подигнуваат квалитетот на живеење на корисниците на нивните производи во 90 земји низ светот. Од 2018 година Групацијата Горење е дел од компанијата Hisense.

Gorenje GA ДООЕЛ Скопје, за своите малопродажни салони во Карпош 3 и Ново Лисиче  има потреба од РЕФЕРЕНТИ ЗА МАЛОПРОДАЖБА/ПРОДАВАЧИ

Одговорности и работни задачи:

  • Комуникација со клиенти – крајни потрошувачи;
  • Продажба – наплата;
  • Работа со документација според потребите на процесот на работа;
  • Организација на просторот, задолжување на роба и прием на истата во малопродажниот објект;
  • Одржување на хигиена, по потреба;
  • Работникот може да извршува и други задачи соодветни на неговата стручна подготовка и во врска со своето работно место, а по налог и упатство од работодавачот;

Барања:

  • ССС;
  • Поседување на вештини за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Позитивен став кон клиентите и желба за тимска работа;
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутер (Word, Excel) ;
  • Познавање на странски јазик и возачка дозвола ќе се сметаат за предност;

Понуда:

  • Основна месечна нето плата 25.000 денари плус додатоци предвидени според закон (минат труд, регрес);
  • Можност за остварување на годишен бонус во висина од една нето плата;
  • Работникот ќе работи со полно работно време во 2 смени, и тоа од 09 до 17ч и од 14:15 до 21ч од понеделник до петок;
  • Преку една сабота работа во една смена од 09 до 15ч;

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

The job posting is no longer active