Skopje
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЛИЗИНГ
Сакаш да бидеш дел од успешен тим?
Наш клиент, интернационална компанија, има потреба од квалификуван и мотивиран кандидат за позицијата:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЛИЗИНГ
Цел на позицијата:
Позицијата обезбедува административна и оперативна поддршка во процесот на изнајмување деловни простори.
Клучни одговорности:
- Активно учество во процесот на изнајмување на деловни простории и директна поддршка на Лизинг Менаџерот
- Подготовка, процесирање и следење на лизинг-документи (понуди, договори за закуп и слично)
- Административна поддршка на одделот: архивирање, водење евиденции и подготовка на документи
- Комуникација и координација со други сектори за навремено исполнување на договорните обврски
- Учество во имплементација на стратегијата за лизинг и поддршка при подготовка и следење на буџетот
- Следење на рокови за истекување и обновување на договори, како и други значајни датуми
- Одржување позитивни односи со закупците и обезбедување навремена и квалитетна поддршка
- Редовна комуникација со постојните закупци за усогласеност со договорите
- Водење и ажурирање на извештаи поврзани со лизингот и оперативното работење на закупците.
Квалификации:
- Завршено високо образование (бизнис, економија, право или слично)
- Предност имаат кандидати со претходно искуство во лизинг или административна работа
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Способност за работа со доверливи информации и почитување на рокови
- Одлично познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Outlook)
- Познавање на англиски јазик (писмено и усмено)
Понуда:
- Работа во динамична и професионална средина
- Можност за напредок и професионален развој
- Работа со реномирани закупци и брендирани простори
- Конкурентен финансиски пакет
- Тим билдинг активности
- Приватно здравствено осигурување
- Можности за службени патувања
Доколку сте комуникативна, организирана и одговорна личност со желба за работа во успешен тим – ве охрабруваме да аплицирате! Испратете го вашето CV на англиски јазик .
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошни интервјуа. За дополнителни прашања, слободно јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.
