Цела Македонија

МЕСАРИ ЗА РАБОТА ВО „МЕРКАТОР“ СЛОВЕНИЈА

Компанија Mercator
Категорија Останато
Отворени работни места 10
Рок за аплицирање 27 август, 2023
Датум на објава 26 јули, 2023

ФИРМА:

• MERCATOR d.d. SLOVENIA
http://www.mercator.si/

👷‍♂️  РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

• Месар

📍  ЛОКАЦИЈА:

• Различни локации во Словенија

🔍 ПОТРЕБНИ ПОЗНАВАЊА:

• Пожелно работно искуство како месар или на слични работни места

• Заинтересираност за работа, работа во тим, подготвеност за учење нови работи на работното место

• Потребно е завршено училиште за месари или заведен работен стаж на работно место месар за да може да се издаде работна дозвола за работно место месар, во спротивно може да се издаде дозвола за помошник месар

• Основно познавање на српски јазик

👷‍♂️ ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

• Сечење месо и подготовка на месни производи за продажба (РАБОТА СО СИТЕ ВИДОВИ МЕСО)

• Oдржување на санитарно-хигиенски интегритет на робата и просториите

• Следење и водење евиденција за работата на разладната техника

• Означување на робата со малопродажни цени и пропишана документација

• Следење на нивото на залихи, евидентирање на критичните рокови и известување на претпоставените

• Вршење квантитативен и квалитативен прием на роба

Работа во позадина, не ги послужува купците (барем на почеток, не).

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Се работи во две смени, според неделен договор со шефот.

Работата е 6 дена во неделата, во две смени (наутро и попладне), празниците и неделите се слободни.

💰 ПЛАТА

ПЛАТАТА СЕ ДОГОВАРА НА ИНТЕРВЈУ и зависи од вашето работно искуство. Платата се состои од основен и променлив (дополнителен) дел.

Основна нето месечна плата е 1100 Еур за почетници до 1300 Еур за месари со искуство. Ако на ова се додадат додатоците, на крај во просек примањата се некаде од 1400 – 1600 Еур нето месечно.

Додатоците на плата вклучуваат:

  • Варијабилен дел во зависност од продуктивноста на конкретната продавница
  • Награда поврзана со висината на прометот од месарница
  • Квартални награди по оценка на раководителот на одделот за натпросечен работен учинок
  • Регрес минимално 1.400,00 евра нето се плаќа еднаш годишно
  • Божиќнина
  • Прекувремените часови се плаќаат или се користат.

📝 ДОГОВОР: се добива на 1 година, можност за продолжување на договорот!

🚗 ПРЕВОЗ од работа и до работа: платен во износ од 85% од градскиот превоз

🍕 ИСХРАНА: Не е организирана, исплата со плата по 6,71 eur/ден

🛏 СМЕШТАЈ: Агенцијата им помага на сите кои немаат сместување, а кандидатот му плаќа директно на сопственикот.

🗺 ВИЗА И РАБОТНА ДОЗВОЛА: работодавачот ја финансира работната дозвола т.е. визата

🏭 ЗА ФИРМАТА: Нешто повеќе за фирмата MERCATOR d.o.o.  може да видите на сајтот http://www.mercator.si/

Огласот повеќе не е активен.