Политика на Приватност
ДЕЛ I
(Последно ажурирање направено на 03.06.2022 година.)
Политиката на приватност на сајтот esc.com.mk во продолжение Сајтот, појаснува како се чуваат податоците на посетителите во продолжение Корисник, од страна на сопственикот на сајтот ESC (Executive Search Consulting) во продолжение Компанија.
Оваа Политика на приватност се однесува само за сајтот esc.com.mk. За линковите кои водат до други веб страни Компанијата не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Компанијата како сопственик на сајтот esc.com.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Секој Корисник при посета и користење на Сајтот, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност, Политика за Колачиња и Услови за користење на сајтот.
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува при користење на сајтот се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
За било какви прашања поврзани со приватноста на податоците може да го контактирате нашиот Oфицер за лични податоци, кој е наведен во продолжение на овој текст.
Корисниците се советуваат внимателно да ја прочитаат Политиката на приватност. Со пристапување и користење на Сајтот, Корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците.
Доколку Корисникот не се согласува со Политиката на приватност, Политиката за колачиња и Условите за користење, го упатуваме да ја напушти, односно да не го користи Сајтот.
Податоци кои се прибираат на Сајтот
Податоците кои се прибираат од корисникот при неговата посета на Сајтот, може да се разликуваат во зависност од методот што се употребува, односно:
- Податоци внесени од корисникот, кои се лични податоци.
- Податоци кои се прибираат автоматски, кои се анонимни (нелични) податоци.
Податоци внесени од корисникот, кои се лични податоци.
Ова подразбира информации кои корисникот свесно ги внесува на сајтот.
Личните податоци се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информации кои се прибираат автоматски, кои се анонимни (нелични) податоци.
Ова подразбира прибирање на нелични податоци од вашиот прелистувач со помош на алатки за анализа на веб страната. Како алатка за автоматско прибирање на нелични податоци се користи Google Analytics. Податоците се прибираат на автоматски начин преку колачиња.
„Колачињата“ се датотеки кои се пренесуваат до хард дискот на уред на Корисникот додека трае неговата посета на Сајтот. Корисникот може да го пралогоди начинот на кој интернет прелистувачот ги прифаќа колачињата, но тоа може да ја ограничи можноста да ви овозможиме соодветна содржина. За повеќе информации може да ја прочитате Политиката за Колачиња.
Дел од нелични податоци кои се прибираат на Сајтот се:
- IP адреса со која Корисникот пристапува на сајтот,
- Детали за интернет пребарувачот, оперативниот систем преку кој е пристапено на Сајтот,
- Детали за страните кои корисникот ги прегледува додека е на Сајтот,
- Времетрање на посетата на Корисникот на Сајтот итн.
Неличните податоци се користат исклучиво во агрегирана форма и на начин кој овозможува анонимност на Корисникот.
Како се користат податоците од корисниците на Сајтот
Сите лични податоци кои се прибираат на Сајтот се наменети за услугите кои ги нуди Компанијата, и се поврзани со пополнување на формулар на Корисникот за конкретен оглас за работа или пополнување на генерален формулар за можно идно конттактирае на Корисникот.
Податоците од корисникот, Компанијата може да ги искористи за соодветни комуникација со корисникот поврзано за огласот за работа на кој аплицирал корисникот на Сајтот.
Податоците кои ги собираме и се чуваат на Сајтот, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
Заштита на податоците
Сите податоци кои корисникот ги внесува на Сајтот се заштитени (енкриптирани) од вашиот веб пребарувач. Сајтот користи сигурна Secure Socket Layer (SSL) технологија. Податоците се заштитени со помош на серверска автентикација и шифрирање, што обезбедува вашите податоци да бидат безбедни.
Сајтот е хостиран на безбедна серверска околина што користи повеќе нивоа на заштита со цел спречување на неовластен пристап.
Ажурирање на Политиката на приватност
Компаноијата може во било кое време и без предходно известување да ја промени или ажурира Политиката на приватност.
Користење на Сајтот подразбира прифаќање на кое било ревидирање.
Пристапот до информации за Условите за користење, Политиката на Приватност, Политиката за Колачиња може да се најдата на секоја страна во навигацијата достапна во футерот.
Офицер за лични податоци
Повеќе информации за Офицерот за лични податоци, во проложение Контролор, како и неговата надлежност, може да најдете во продолжение.
Контакт информации
Лице: Зоран Војнески.
Имејл: zv@esc.com.mk
Телефон: +389 2 2700 425,
Мобилен: +389 76 456-654
Опис на активности
Контролорот за лични податоци обезбедува целосна транспарентност при остварување на правата на субјектот на личните податоци како посетител (корисник) на веб страницата.
Контролорот ги применува и почитува членовите 9, 11, 16, 23, 24, 25 и 26 од ЗЗЛП во врсака со насоките од Recommendation No. R(99)5 of the CMMS for the protection of privacy on the internet.
Контролорот презема соодветни технички и организациски мерки во однос на заштита на веб страницата, при што обезбеденото ниво на безбедност го сведува ризикот на најмал објективно можен минимум, а во секој случај на ризик со ниска сериозност, согласно член 29.1 и член 36.1, 36.2 од ЗЗЛП и според Правилникот за безбедност на обработка на лични податоци.
ДЕЛ II – ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ НА СТРАНИЦАТА И ОСТАВАЊЕ НА ЛИЧНИ И ДРУГИ ПОДАТОЦИ
Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет-страницата
Овој дел на Политика за приватност на личните податоци содржи посебни информации за видовите податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страницата, како и на кој начин се користат и со кого се споделуваат тие податоци. Тука е содржан и начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие податоци. Оваа Политика за приватност е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област.
Овој дел на Политиката за приватност, заедно со Делот I на Политиката за приватност ја сочинува целокупната Политика за приватност.
Офицер за заштита на лични податоци кај Контрлорот
- Зоран Војнески
- Ул. Доситеј Обрадовиќ бр.1/8 Скопје
- Телефонски број: +389 76 456-654
- E-mail адреса: zv@esc.com.mk
Кои лични податоци ги собираме од вас?
Ние сме контролор на личните податоци кои што Вие (како субјект на лични податоци) ни ги давате. При посета на нашата веб страна и користење на нашите веб услуги ние обработуваме различна количина на лични податоци, и тоа:
За аплицирање на оглас
- Име и презиме
- телефон
- физичка адреса
- адреса на електронска пошта
- образование
- работно искуство
- други податоци со ваши референци по ваш избор
- други / посебни лични податоци специфично потребни за одредено работно место
За чување на Вашата лична биографија во нашата датабаза/реурсна база на кадри на лични биографии:
- Име и презиме
- телефон
- физичка адреса
- адреса на електронска пошта
- образование
- работно искуство
- други податоци со ваши референци по ваш избор
За контакт со нас
- Име и презиме
- телефон
- физичка адреса
- адреса на електронска пошта
За колачиња
Заради следење, анализа, одржување, развој и подобрување на функционалностите на веб страната, за време на посета на веб страната, автоматски се собираат следните податоци:
Неопходни колачиња
Назив на колаче | Информации |
cookielawinfo-checkbox-analytics | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: 1 година Опис: (en) This cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin to record the user consent for the cookies in the category “Analytics |
cookielawinfo-checkbox-others | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: 1 година Опис: (en) This cookie is used to remember the user’s consent for the cookies classified as “others” in the cookie policy. |
cookielawinfo-checkbox-necessary | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: 1 година Опис: (en) This cookie is used to remember the user’s consent for the cookies in the category “Necessary” on the website. |
_GRECAPTCHA | Домејн: www.google.com Тип на колаче: Third-party Времетраење: 6 месеци Опис: (en) Google reCAPTCHA sets a necessary cookie (_GRECAPTCHA) when executed for the purpose of providing its risk analysis. |
Колачиња поврзани со оптимизација
Назив на колаче | Информации |
cookielawinfo-checkbox-performance | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: 1 година Опис: (en) This cookie is used to remember the user’s consent to the use of cookies categorized as ‘Performance’. It records the consent status of the user for cookies with the performance category, ensuring website compliance with legal requirements. |
_ga_SPDW8V0E5B | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: 1 година и 1 месец Опис: (en) This cookie is used by Google Analytics to persist session state. |
_ga | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: 1 година и 1 месец Опис: (en) This cookie name is associated with Google Universal Analytics – which is a significant update to Google’s more commonly used analytics service. This cookie is used to distinguish unique users by assigning a randomly generated number as a client identifier. It is included in each page request in a site and used to calculate visitor, session and campaign data for the sites analytics reports. |
Функцонални колачиња
Назив на колаче | Информации |
cookielawinfo-checkbox-functional | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: 1 година Опис: (en) This cookie is used to record the user consent for the cookies in the “Functional” category. It stores the consent status of the user for cookies on the current domain. |
cookielawinfo-checkbox-advertisement | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: 1 година Опис: (en) This cookie records the user’s consent for advertisement cookies on the website. |
wp-wpml_current_language | Домејн: esc.com.mk Тип на колаче: First-party Времетраење: Сесија Опис: (en) Stores the current language. By default, this cookie is set only for logged-in users. If you enable the language cookie to support AJAX filtering, this cookie will also be set for users who are not logged in. |
Нашата страница ги користи само горенаведените колачиња. Колачињата се кориснички податоци кои веб пребарувачот ги зачувува на вашиот уред (компјутер) заради идни посети. Колачето е информација која се зачувува на вашиот компјутер за време на посета на нашата веб страна и кога повторно ќе ја отворите нашата веб страна овие колачиња ќе се искористат за подобрување на корисничкото искуство и ефикасност на веб страната. Повеќе за користење на колачињата може да најдете во нашата Политика за колачиња.
За кои цели се користат собраните лични податоци?
Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви ги овозможиме услуги од обаста на кадровските и човечките ресурси поврзани со вработување и друг деловен ангажман предбиден ссо позитивните прописи.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработката на вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на ваша претходна согласност.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на вашите лични податоци се врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Нашите вработени и надворешни сорааботници, се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Хостирањето и чувањето на Вашите лични податоци се одвива на сервер со ИП адреса: 50.87.218.82 со локација надвор од Република Северна Македонија. Назив на Хостинг Компанија: Bluehost. Сајтот користи безбедносен HTTPS сертификат.
Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.
За сите допонителни информации, прашања или забелешки во врска со заштита на личните податоци, субјектите на лични податоци можат да достават мејл до Офицерот за заштита на лични податоци на неговата електронска пошта.
Бришење на вашите лични податоци
Бришењето на вашите лични податоци поради истек на време, престанок на причината поради која се прибрани, на ваше барање или поради други причини предвидени со Закон или друг пропис се врши со отстранување на податоците од соодветната податочна база така што се врши бришење (да се опише со технички термин).
Вашето барање за бришење на вашите лични податоци може да го упатите писмено по пошта или со електронска порака по електронска пошта до Офицерот за заштита на лични податоци.
Законски основ
Законскиот основ за обработка на вашите податоци за наведените активности е различен.
За целите на аплицирање за оглас за работа обработката на вашите лични податоци е потребна за ваше претставување пред конкретен работодавач за поединечно работно место за кое сте аплицрале и/или исполнување на договор во кој што вие сте договорна страна или за активности коишто му претходат на склучувањето на договорот.
За целите чување на Вашата лична биографија во нашата општа датабаза на лични биографии заради идна можност за вработување кај иден работодавач, законскиот основ е декларираната согласноста која ни ја давате.
Со пополнувањето на личните податоци во нашиот соодветен Образец за нашата реусрсна датабаза се смета дека сте декларирале/дале Согласност со следната содржина:
ОБРАЗЕЦ НА СОГЛАСНОСТ
ЗА СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Јас, [име на субјектот на личните податоци] со ова се согласувам [назив на друштвото/агенцијата] да може да ги обработува моите лични податоци заради потреба од вработување.
Јас сум свесен и бев информиран дека можам да ја повлечам мојата согласност во било кое време со или со испраќање преку е-маил или по пошта до Офицерот за заштита на лични податоци..
Потпишано од [име на субјектот на личните податоци]:
Потпис: Датум:
За остварување на контакт со нас и/или за употребата на колачиња, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е декларираната согласност како погоре.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Согласно законските и интерните прописи за различни активности личните податоци имаат различен рок на чување. Офицерот за лични податоци ќе ве извести, на ваше барање, за овие рокови, поединечно.
Кои се Вашите права?
Право на пристап – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.
Право на исправка – доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.
Право на бришење – имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.
Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете дадената согласност во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
Право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.
Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци – имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.
Ако се’ уште сметате дека Вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци и да поднесете барање до нив.
Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер за заштита на личните податоци.
Вашите податоци нема да се користат за ремаркетинг дури ни при ремаркетинг на оглас од работодавач.
Промени во Политиката за приватност на личните податоци
Ние имаме право да ја ажурираме оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за можноста од промени и за самите промени.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност и со пополнувањето и оставањето на ваши лични податоци се констатира декларирана согласност од ваша страна изедначена со поединечна потпишана согласнот.
Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет-страницата и не ги споделувајте вашите лични податцоци. Вашето континуирано користење на интернет-страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.