Услуги

Нашите услуги и решенија вклучуваат:

Аквизиција на таленти

Препорачуваме стратегија за сорсирање која обезбедува оптимална покриеност на нашиот пазар и потенцијалните кандидати. Стратегијата вклучува:

  • Активно мрежирање со клучни контакти на пазарот на труд и следење на трендовите на социјалните мрежи
  • Нашата база на кандидати
  • Објава на огласи на портали за вработување и социјални медиуми

Предложениот пристап за аквизиција на таленти се состои од три области:

  • Брифинг со клиенти, таргетирање на организации и идентификација на кандидати
  • Пристап до кандидати, нивна евалуација и подготвување на извештаи
  • Презентација на кандидати, проверка на референци и финализирање на процесот