Скопје
РЕФЕРЕНТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА/ПРОДАВАЧ
Групацијата Gorenje е еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство со традиција од повеќе од 70 години. Нивните технолошко усовршени, супериорно дизајнирани и енергетски ефикасни апарати за домаќинство го подигнуваат квалитетот на живеење на корисниците на нивните производи во 90 земји низ светот. Од 2018 година Групацијата Горење е дел од компанијата Hisense.
Gorenje GA ДООЕЛ Скопје, за својот малопродажен салон во Карпош 3 има потреба од Референт за малопродажба/Продажба.
Одговорности и работни задачи:
- Комуникација со клиенти – крајни потрошувачи;
- Продажба – наплата;
- Работа со документација според потребите на процесот на работа;
- Организација на просторот, задолжување на роба и прием на истата во малопродажниот објект;
- Одржување на хигиена, по потреба;
- Работникот може да извршува и други задачи соодветни на неговата стручна подготовка и во врска со своето работно место, а по налог и упатство од работодавачот;
Барања:
- ССС;
- Поседување на вештини за продажба;
- Комуникациски вештини;
- Позитивен став кон клиентите и желба за тимска работа;
- Претходно работно искуство во продажба на бела техника ќе се смета за предност;
- Познавање на работа со компјутер (Word, Excel) ;
- Познавање на странски јазик и возачка дозвола ќе се сметаат за предност;
Понуда:
- Основна месечна нето плата плус додатоци предвидени според закон (минат труд, регрес);
- Можност за остварување на годишен бонус во висина од една нето плата;
- Работникот ќе работи со полно работно време во 2 смени, и тоа од 09 до 17ч и од 14:00 до 20ч од понеделник до петок;
- Преку една сабота работа во една смена од 10 до 15ч;
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ваша кратка биографија. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.
Огласот повеќе не е активен.