Скопје

РЕФЕРЕНТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА/ПРОДАВАЧ

Компанија Gorenje
Град Скопје
Категорија Продажба
Отворени работни места 1
Рок за аплицирање 8 мај, 2024
Датум на објава 17 април, 2024

Групацијата Gorenje е еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство со традиција од повеќе од 70 години. Нивните технолошко усовршени, супериорно дизајнирани и енергетски ефикасни апарати за домаќинство го подигнуваат квалитетот на живеење на корисниците на нивните производи во 90 земји низ светот. Од 2018 година Групацијата Горење е дел од компанијата Hisense.

Gorenje GA ДООЕЛ Скопје, за својот малопродажен салон во Карпош 3 има потреба од Референт за малопродажба/Продажба.

Одговорности и работни задачи:

  • Комуникација со клиенти – крајни потрошувачи;
  • Продажба – наплата;
  • Работа со документација според потребите на процесот на работа;
  • Организација на просторот, задолжување на роба и прием на истата во малопродажниот објект;
  • Одржување на хигиена, по потреба;
  • Работникот може да извршува и други задачи соодветни на неговата стручна подготовка и во врска со своето работно место, а по налог и упатство од работодавачот;

Барања:

  • ССС;
  • Поседување на вештини за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Позитивен став кон клиентите и желба за тимска работа;
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутер (Word, Excel) ;
  • Познавање на странски јазик и возачка дозвола ќе се сметаат за предност;

Понуда:

  • Основна месечна нето плата плус додатоци предвидени според закон (минат труд, регрес);
  • Можност за остварување на годишен бонус во висина од една нето плата;
  • Работникот ќе работи со полно работно време во 2 смени, и тоа од 09 до 17ч и од 14:00 до 20ч од понеделник до петок;
  • Преку една сабота работа во една смена од 10 до 15ч;

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ваша кратка биографија. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Форма за аплицирање

Можете да аплицирате за работната позиција преку следниот формулар. Ве молиме пополнете ги полињата подолу. Ви посакуваме успешно пријавување на работната позиција.

    Ако телефонскиот број е од друга земја, ве молиме внесете го и префиксот на земјата.

    Дозволени формати на фајлови: PDF, Doc, Docx, JPG, JPEG, PNG.Максимална вкупна големина на сите фајлвои: 5MB

    Максимален број на карактери - 500.

    Политика на приватност:Прочитај повеќе за Политиката на приватност.

    Оваа форма е заштитена од Google reCAPTCHA.Политика на приватност (Google) Услови на користење (Google).