Скопје
Техничар во Одржување
Нашиот клиент Фруктал Мак а.д. Скопје – фабрика за производство на висококвалитетни овошни сокови, нектари и пијалоци без конзерванси. Компанијата произведува готови производи и за домашниот и за странските пазари, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора. Фруктал Мак а.д. Скопје имаат потреба од квалификуван кандидат на позицијата Техничар во Одржување.
Главни задачи и одговорности:
- Инсталирање и сервисирање на опрема за производство според дадени инструкции
- Пронаоѓање и отстранување на дефекти на машини
- Го обезбедува функционирањето и усогласувањето на производствениот процес
- Ги лоцира и пријавува слабите точки
- Ги одредува причините за дефектите, застојот на едноставна опрема со механички, хидраулични, пневматски, електрични, компоненети
- По потреба поддршка на тимот за одржување на објектот во делот со инсталации
- Активна комуникација со другите оддели
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно електро или машинско техничко образование
- Познавање на Eлектротехника, Електроника и Механика
- Основно разбирање електротехнички шеми и технички цртежи
- Познавање и способност за користење на рачен алат
- Способност за самостојна работа, тимска соработка и работa под притисок
- Прецизност, работливост и флексибилност
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Претходно искуство со работа на поправка и одржување на машини (индустриски, домашни) ќе се смета за предност
- Компјутерски вештини
Понуда:
- Можност за работа во интернационална компанија
- Личен раст и кариерен развој
- Исплата на регрес и минат труд
- Исплата на месечен бонус за остварени резултати
- Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
- Работно време: во три смени
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ваша кратка биографија.
Огласот повеќе не е активен.