Скопје

Техничар во Одржување

Компанија Фруктал Мак
Град Скопје
Отворени работни места 1
Рок за аплицирање 20 мај, 2024
Датум на објава 16 април, 2024

Нашиот клиент Фруктал Мак а.д. Скопје – фабрика за производство на висококвалитетни овошни сокови, нектари и пијалоци без конзерванси. Компанијата произведува готови производи и за домашниот и за странските пазари, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора. Фруктал Мак а.д. Скопје имаат потреба од квалификуван кандидат на позицијата Техничар во Одржување.

Главни задачи и одговорности:

  • Инсталирање и сервисирање на опрема за производство според дадени инструкции
  • Пронаоѓање и отстранување на дефекти на машини
  • Го обезбедува функционирањето и усогласувањето на производствениот процес
  • Ги лоцира и пријавува слабите точки
  • Ги одредува причините за дефектите, застојот на едноставна опрема со механички, хидраулични, пневматски, електрични, компоненети
  • По потреба поддршка на тимот за одржување на објектот во делот со инсталации
  • Активна комуникација со другите оддели

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно електро или машинско техничко образование
  • Познавање на Eлектротехника, Електроника и Механика
  • Основно разбирање електротехнички шеми и технички цртежи
  • Познавање и способност за користење на рачен алат
  • Способност за самостојна работа, тимска соработка и работa под притисок
  • Прецизност, работливост и флексибилност
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Претходно искуство со работа на поправка и одржување на машини (индустриски, домашни) ќе се смета за предност
  • Компјутерски вештини

Понуда:

  • Можност за работа во интернационална компанија
  • Личен раст и кариерен развој
  • Исплата на регрес и минат труд
  • Исплата на месечен бонус за остварени резултати
  • Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
  • Работно време: во три смени

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ваша кратка биографија.

Форма за аплицирање

Можете да аплицирате за работната позиција преку следниот формулар. Ве молиме пополнете ги полињата подолу. Ви посакуваме успешно пријавување на работната позиција.

    Ако телефонскиот број е од друга земја, ве молиме внесете го и префиксот на земјата.

    Дозволени формати на фајлови: PDF, Doc, Docx, JPG, JPEG, PNG.Максимална вкупна големина на сите фајлвои: 5MB

    Максимален број на карактери - 500.

    Политика на приватност:Прочитај повеќе за Политиката на приватност.

    Оваа форма е заштитена од Google reCAPTCHA.Политика на приватност (Google) Услови на користење (Google).